Докторите ми рекоа „никогаш нема да одиш“ и кренаа раце, мајка ми и Бог не: Животната приказна на Лорена Томашевиќ Латин

Лорена Латин, денес 27-годишна медицинска сестра и графичка дизајнерка, со сопругот Денис го гради своето семејство, живот и верата како центар. Но, нејзиниот пат започнува со борба за гол опстанок – родена предвреме, речиси без боја, додека мајка ѝ крварела толку обилно што медицинскиот персонал се откажал. Лорена и мајка ѝ преживеале, но дома носеле нова обврска: живот не добиен по случајност, туку заради борба и чудо. Ова е сведоштво што Лорена го кажува храбро и отворено – не како настап, туку како живот.

Докторите ми рекоа никогаш нема да одиш и кренаа раце, мајка ми и Бог не: Животната приказна на Лорена Томашевиќ Латин

Ноќ кога животот висеше на конец

Во 34. недела, мајка ѝ на Лорена завршува на итна помош поради пукање на водењакот. Планот бил инјекции за развој на белите дробови на бебето, потоа царски рез. Болките доаѓаат неочекувано, резултатите од ЦТГ се лоши, моера веднаш операција. Мајка ѝ будна ја следи операцијата, гледа инструменти и својот страв. Лорена ја вадат од матката „темно сина“, едвај чујно заплакала. Операцијата завршува успешно, но мајка ѝ добива животозагрозувачка постпородилна хеморагија. Чула: „Притисокот паѓа… Пулсот исчезнува… Јадна, толку млада… си оди…“. Докторите нудат вадење матка, еден легнува врз неа во обид да запрат крвавењето, но констатираат дека „кренале раце“. Во мигот кога ништо не помага, крварењето застанува. Медицинска сестра ѝ вели: „Работам 20 години, ама никогаш не сум видела некој што изгубил толку крв да преживее.“ Три дена во шок-соба, будна, со шлаканици со ладна вода за да остане жива додека не ѝ се стабилизира состојбата. Обете преживуваат, семејството ја сфаќа својата нова должност.

Ноќ кога животот висеше на конец

“Требаше да сум во количка”: детството како постојан доказ за надминување на дијагнозите

Иако детството ѝ минува како „нормално“, Лорена живее со страв кој не престанува: баба ѝ постојано ја предупредувала за лекарските дијагнози. Испитувањата покажувале дека преку половина од мозокот ѝ се оштетени поради хипоксија, што според медицината значело неможност за нормален живот. “Не требаше ни да одам, ни да зборувам. Требаше да сум во количка.” Родителите не прифаќаат пресуда, бараат второ и трето мислење – секое исто: нема да оди, нема да зборува. За нив дијагнозата не е конечна, туку почеток на вера, молитви, и надеж. На 2,5 години Лорена ги прави првите чекори, а на 3 почнува да зборува. „Тоа не беше добра рехабилитација. Тоа беше пречкртување на дијагнозите.”

"Требаше да сум во количка": детството како постојан доказ за надминување на дијагнозите

Средношколски години исполнети со 300 неоправдани часови и скриен двоен живот

Средното образование ја носи Лорена во фаза на адолесценција, бунтовност и желба за припаѓање. Прва година почнува да бегa од часови, препишува на тестови, лаже, креира изговори – на крај брои 300 неоправдани часа. Се соочува со опасност од исфрлање, но класната ја спасува со бришење изостаноци. Кога паѓа математика, лажната слика пука. Однадвор изгледа како класична тинејџерска приказна, но внатре ја води вината: води двоен живот, во сабота излегува и се моли, во недела се појавува пред Бог и глуми нормалност. „Сабота навечер ќе се молев: ‘Боже, чувај ме’. А после, во два по полноќ, пак: ‘Боже, чувај ме додека се враќам’.” Се нарекува христијанка, но чувствува дека духовниот дел во неа е „мртов“. Со години мислела дека гревот го оддалечува Бог од неа, денес верува дека срамот само ја оддалечувал од Бог, но не и Бог од неа.

Првата врска и тежината на молитвата која носи одговор што не ја посакуваш

Братучетка постојано ѝ вели дека треба да се консултира со Бог за врската. Лорена најпрвин ја нервира оваа опсесија, но сепак се помолува: „Боже, ако не е Твоја волја да сме заедно — нека прекинеме… ама ако може да не прекинеме.“ По еден месец врската завршува, првпат почувствува одговор што не ѝ се допаѓа. Бара Бог да врати сè назад: „Пак на колена: ‘Боже, врати го’.“ Денес тоа го споредува со овца која повторно скока во калта од која штотуку ја извадил пастирот.

Денис: симпатија, молитва и сопруг добиен како одговор на вера

Денис ја запознава Лорена како симпатија оддалеку – момче што свири во црковен бенд. По прекинот со првото момче, братучетката го организира следното запознавање. Лорена се моли: „Боже, ако е Твоја волја да се запознаам со Денис и да му се допаднам — помогни.“ Кога конечно се запознаваат и Денис ѝ се јавува, Лорена ја опишува среќата: „Среќа до небо“. Следат средби, стануваат пар, а Лорена вели: „Не секој одговор е брз, не секој што чека има лесна задача — но Божјиот план вреди да се чека.“ На 23 јуни 2019 година се венчаат.

Прва бременост: двојна матка, стравови од Гугл и 11 дена неизвесност во болница

Пред да забремени, откриваат дека Лорена има двојна матка (uterus bicornis). Докторката ја смирува, но Гугл ги полни мислите со зборови како: спонтан абортус, предвремено породување, висок ризик. Десет дена подоцна случајно останува бремена и повторно во страв. На 25. недела има крварење и завршува 11 дена сама во болница за време на ковид, во изолација и страв. “Само молитвата ме држеше”, вели Лорена. На 39. недела докторите инсистираат на индукција, но таа се моли и очајнички сака породување да почне природно. На крај, без индукција, наутро раѓа син, Давид – уште едно „услишено барање“ за неа.

Непредвидливото: инфекција кај новородениот син Давид што го збуни медицинскиот тим

По раѓањето, Давид добива инфекција. ЦРП расте, па паѓа, па пак расте. Лекарите пробуваат се и признаваат: „Искрено — со ова не сме се соочиле. Да дадеш терапија, ЦРП да падне, па пак да расте… тоа досега не ни се случило.” Лорена и Денис организираат ланец на молитва. Хемокултурата е стерилна, нема сепса, но лекарите не знаат што се случува. Терапијата продолжува 10 дена, на 11-от излегуваат дома – Давид е добро. “Уште една интервенција на чудесен начин,” раскажува Лорена.

„Бог не ми замерува“

За лошите периоди од животот, Лорена мислела дека ќе добие казна од Бог, дека тој ќе ѝ замери за селективна вера. Наместо тоа, почувствувала трпеливо чекање, не осудување. Слушајќи ја приказната за изгубениот син, сфаќа дека Бог не притиска, ниту влече за ракав – само чека да се вратиш, со отворени раце. Става акцент дека и болката и растењето се дел од патот.

Денес: помалку време, но поголема причина за смисла преку вера и семејство

Лорена и Денис денес се активни и на социјалните мрежи, споделувајќи верски содржини, искуства и инспирации. Тие велат дека добиле повеќе мотив преку децата и одговорноста која доаѓа сo нив. Претходно времето го користеле на празнини, денес секоја нова личност која пројавила интерес за верата или побарала Библија, им дава смисла. Лорена нагласува дека секој има свој дар и повик — прашањето е дали ќе остане пасивен или ќе одговори.

„Не учете по потешкиот пат“: заклучок од живот што учи за важноста на будноста и изборот

За крај, Лорена дава предупредување што извира од искуството: нашите избори носат тежина и животот не треба да се остави за „кога ќе остариме“, бидејќи никој не знае дали ќе дочека утре. Треба да сме будни, да ја разбереме важноста на сопствениот живот. „Не учете по потешкиот пат. Послушајте го гласот што ве вика денес. Да не завршите на широкиот пат што води во пропаст, туку на тесниот што води во вечност.“ Независно дали ќе ја доживеете оваа приказна како чудо, случајност или претерување, едно е сигурно: кога ќе чуете за некој кому докторите му „кренале раце“, не можете повеќе рамнодушно да се однесувате кон сопствениот живот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *