Докторите тврдат дека пцуењето е добро за вас: Како „валканиот речник“ може да ви го подобри здравјето

Кога легендарниот комичар Џорџ Карлин во 1972 година ги наброја своите „Седум зборови што никогаш не смеете да ги кажете на телевизија“, малкумина очекуваа дека наука еден ден ќе докаже дека тие зборови можат да имаат здравствени придобивки. Но, денес, научниците се колнат во пцуењето, тврдејќи дека тоа има катарзична вредност и физиолошки, па дури и социјални моќи.

 

Докторите тврдат дека пцуењето е добро за вас: Како „валканата уста“ може да ви го подобри здравјето

Пцуењето како природен лек за болка

Во 2020 година, д-р Ричард Стивенс и истражувачот Оли Робертсон објавија студија која покажа дека пцуењето може да ја зголеми толеранцијата на болка. Во експериментот, учесниците потопувале раце во ледена вода. Тие што пцуеле издржале 33% подолго од оние што не пцуеле или користеле измислени зборови. Научниците веруваат дека пцуењето го активира амигдалата – дел од мозокот поврзан со борба или бегство – ослободувајќи адреналин и ублажувајќи ја болката.

 

Пцуењето како природен лек за болка

Пцуење за сила и издржливост

Но, тоа не е сè. Други истражувања покажуваат дека пцуењето може да ја подобри физичката изведба, особено во кратки, интензивни активности како вежбање. Ако некогаш сте викнале „Ајде, да ти…!“ додека се борите со последното повторување на склекови, сега знаете зошто тоа функционира. Едноставно кажано, пцовката „го пали моторот“.

 

Пцуење за сила и издржливост

Социјалното лепило на вулгарноста

Пцуењето, кога е правилно користено, може да ги зацврсти социјалните врски. Може да покаже искреност и да создаде чувство на блискост меѓу луѓето. Во некои ситуации, искрената пцовка може да биде знак на доверба. Истражувањата покажуваат дека луѓето што пцујат се перципираат како поискрени, бидејќи ги изразуваат своите вистински чувства.
Секако, не е секогаш соодветно. Пцуењето на родителска средба или на состанок можеби не е најдобра идеја. Но, следниот пат кога ќе си го удрите малиот прст или ќе го испуштите телефонот, слободно испцујте. Науката е на ваша страна.

 

Социјалното лепило на вулгарноста

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *