Докторка раскажува како на повеќе смешни начини им враќа на пациентите кои ѝ прават една „стара финта“
Да се биде медицинско лице воопшто не е лесно и не зборуваме за сручноста и тежината на самата професија, туку и фактот дека секој ден се соочувате со различен тип на луѓеи понекогаш тие ги имаат најсмешните и најчудните прашања. Ким-Ен е радиолог од Куала Лумпур, Малезија и таа има прилично добра смисла за хумор. Докторката раскажа како возвраќа на една „стара шега“ која скоро секој маж ја кажува кога ќе влезе во нејзината ординација.
Еве ја шегата која Ким ја добива на дневна база: „Кога машки пациенти ми велат: ‘Се надевам дека не сум бремен.’“

Како радиолог, редовно правам ултразвук на абдоменот и скоро секој ден ја слушам оваа фраза (или нејзини варијации) од машки пациенти.
Треба да бидам изморена од слушање на оваа фраза нели?
НЕ!
Сакам да им враќам секогаш кога ќе ја слушнам оваа фраза, бидејќи откривам дека (некои) духовити враќања може да ја намалат анксиозноста на пациентот.
- „Зошто? Дали ти доцни менструацијата?“
- „Издржи, прво ти го скенирам црниот дроб“. Откако ќе стигнам до мочниот меур, „Не, не си бремен“.
- „Издржи, прво ти го скенирам црниот дроб. Ќе те известам кога ќе стигнам до твојата матка“.
- „Зошто? Дали неодамна сте имале незаштитен секс?
- „Значи, ако сте бремени, дали планирате да породите вагинално или со царски рез?“

- „Која е мајката?“
- „Дали вие и вашата сопруга се обидувате да добиете дете? Ако имате проблеми со забременување, можам да ве упатам кај специјалист за плодност“.
- „Кога беше вашата последна бременост?“
- „Додека го скенирате мочниот меур и замислено мрморите: „Хмм, проверувам дали има бебе… и ДА! … О чекај, не – тоа е само твојот ректум“.

- „Додека го скенирате мочниот меур, „Вашата матка изгледа малку мала… не, чекајте – тоа е вашата простата“. (Пауза за ефект) „И изгледа малку голема“.
- „Ако не го видам фетусот, можеме да продолжиме со трансвагинално скенирање што ќе биде попрецизно“.
- „Значи, имате замастен црн дроб, жолчни камења, бубрежни цисти и зголемена простата. Но, добрата вест е дека не сте бремени.“
Кој одговор најмногу ви се допадна?
