Докторот и пациентот кој само си мислел дека е болен (виц)

• Докторе, последен пат ви објаснувам, јас навистина сум болен.
• Јас ви велам дека си замислувате. Ништо не ви е.
• Но јас се чувствувам многу лошо.
• Тоа ви е од психата. Ќе ви дадам еден совет. Повторувајте си во себе “Здрав сум, здрав сум” и ќе се чувствувате одлично.
• Пааа… доообро докторе… благдарам…
Болниот тргнува да си оди, излегува од ординацијата, а докторот трча по него:
• Еј господине, не ми плативте за прегледот.
• Тоа само така ви се чини докторе. Повторувајте си во себе “Ми плати, ми плати” и ќе се чивствувате одлично.