Докторот и водоинсталатерот (виц)
Доаѓа водоинсталатер во понеделник на преглед кај докторот бидејќи има болки во грбот. Докторот му дава таблети и му вели:
– Ако не ти биде подобро, дојди пак за 2 дена.
По 2 дена, во среда, ете ти го пак. Пак исто, ако не ти е подобро дојди во петок. Доаѓа и во петок, болките не поминуваат.
Во недела на докторот дома му пука водоводна цевка, тој веднаш наоѓа број на интернет и повикува водоинсталатер. Доаѓа токму оној водоинсталатер со болките во грбот. Тој ја отвора вратата од подрумот, водата веќе стигнала до третото скалило од горе. Водоинсталатерот ја отвора кутијата со алат, вади два гумани дихтунзи, ги фрла во водата и му вели на докторот:
– Ако за два дена не биде подобро, јавете се пак.

Коментирај анонимно