Документарецот за девојки кои ги дојат своите партнери е обвинет за „додавање масло на огнот“ на веќе постоечката стигма
Гледачите на новиот документарец што го истражува „доењето на возрасни“ го обвинија филмот за „с*ксуализирање“ на доењето, а некои тврдат дека тоа може да им наштети на напорите за дестигматизирање на доењето бебиња во јавнос.
Документарецот на „Breastfeeding My Boyfriend“ (Доејќи го дечко ми) ни го покажува животот на парови кои доењето го имплементираат во нивното с*ксуално искуство, а една жена откри дека заработува околу 30.000 долари месечно продавајќи видеа во кои дои возрасни мажи, на интернет.

Многу од гледачи беа збунети од документарниот филм, додека други беа незадоволни од одлуката да се емитува, тврдејќи дека со фокусирање на с*ксуализацијата на доењето, режисерите придонесуваат за континуирана стигма што историски ја гледа жената околу јавно доење на своите деца.
„Мајките се осудуваат за доење во јавност, а вие правите шоу, дополнително го с*ксуализирате чинот и додавате масло на огнот на стигмата?!“ – споделуваат корисниците на социјални мрежи.

„Како мајка која моментално дои, многу сум вознемирена. Ова не треба да се с*ксуализира“, истакна некој друг кога #breastfeedingmyboyfriend почна да е тренд на социјалните мрежи.
