Документи на Пентагон откриваат таен американски план што требало да ги направи војниците геј

Во 1994 година, лабораторијата „Wright“ при американското воено воздухопловство разработила неверојатен предлог: бомба што, преку хемиски афродизијаци, ќе ги натера непријателските војници да станат „неодоливо привлечни еден на друг“. Идејата била дел од шестгодишна програма за развој на не смртоносни оружја, финансирана со 7,5 милиони долари, но на крајот била отфрлена.
Ова не е теорија на заговор – документи од три страници, добиени од антивоената организација Sunshine Project, откриваат дека

Пентагон сериозно го разгледувал предлогот и дури го доставил до Националната академија на науки во 2002 година, највисокото научно тело во САД.

Иако нема никакви докази дека ваква бомба би функционирала, целта била да се наруши редот во непријателските единици – преку сексуално привлекување, тврделе научниците.

 

Откриени документи на Пентагон: Таен американски план што требало да ги направи војниците геј

Од комарци до прдежи: Лабораторијата нудела и други бизарни „оружја“

Покрај т.н. „геј бомба“, лабораторијата предложила и други необични методи за ослабување на непријателот:

• бомби што би привлекувале инсекти и глодари,
• хемикалии што би им ја правеле кожата хиперосетлива на сонце,
• средства за стимулирање на интензивни прдежи и
• супстанци што би предизвикувале долготраен лош здив.

Сите овие идеи биле замислени како алатки за ослабување на противникот без да се користи смртоносна сила. Но ниту една од овие „иновативни“ идеи не била реализирана.

Во 2005 година, претставник на Пентагон изјави за BBC дека Министерството за одбрана секоја година добива стотици вакви предлози – и дека ниту една од опишаните технологии не била спроведена.

Сепак, идејата за „геј бомбата“ си доби и свое место во историјата – во 2007 година, научниците зад проектот ја добија сатиричната IG Nobel награда, која се доделува за истражувања што „прво ве смеат, а потоа ве тераат да размислувате“.

 

Од комарци до прдежи: Лабораторијата нудела и други бизарни „оружја“

Од бомби до зраци: Новите не смртоносни оружја на иднината

По згаснувањето на лабораторијата „Wright“ во 1997 година, нејзините функции се префрлија на Air Force Research Laboratory (AFRL), која и ден-денес развива не смртоносни оружја – но со многу посовремена технологија.

Фокусот сега е на Directed Energy Weapons – оружја што користат концентрирани енергетски зраци за да ги онеспособат целите. На пример, системот Active Denial System користи милиметарски бранови кои предизвикуваат чувство на топлина на кожата, доволно непријатно за луѓето да се повлечат од одредена локација.

САД и други големи сили сè уште вложуваат во развој на вакви методи, но – барем засега – „љубовната бомба“ останува една од најапсурдните воени идеи на сите времиња.

 

Од бомби до зраци: Новите не смртоносни оружја на иднината

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *