Долго пред Тесла: Јужнокорејски професор креираше автомобил во 1993 година, за кој сите денес сонуваме

Јужнокорејскиот професор Хан Мин-хонг од Универзитетот во Кореја ја тестираше технологијата на автономно возење со сопствено производство уште во 1993 година од минатиот век на моделот на Киа Висто.

Две години подоцна, тој успеа да помине 300 километри помеѓу Сеул и Бусан во режим на автономно возење, користејќи технологија што ја смислил самиот.

Да нагласиме дека машинското учење и вештачката интелигенција не постоеле во тоа време, или барем не во возилата.

Хан користел процесор Intel 386 од тоа време (кој бил центар на повеќето десктоп компјутери во тоа време), заедно со монитор и тастатура, кои биле вградени во совозачкото седиште.

Иако и тогаш успешно демонстрираше дека е можно автономно возење, Јужна Кореја не беше заинтересирана да го финансира развојот на таа технологија бидејќи тие беа ориентирани кон други индустрии. Денес, оваа технологија е една од клучните карактеристики на новата автомобилска револуција предводена од електрични возила.

Самиот Хан сметаше дека автономното возење е иднина, но тој беше свесен за неговите ограничувања во однос на безбедноста во сообраќајот и веруваше дека е најдобро да се користи за транспорт на стоки наместо за луѓе.