Доли Партон позира како Плејбој зајачица за роденденот на сопругот

Доли Партон отиде во „крајност“ за роденденот на нејзиниот сопруг со пресоздавање на нејзината легендарна насловна страница на списанието Плејбој од пред повеќе од 40 години.

Кантри пејачката ја украси насловната страница на магазинот во октомври 1978 година, кога се појави облечена во црни уши на зајаче и бела, светкава машна.

На 20 јули  Партон ја пресоздаде насловната страница за нејзиниот сопруг Карл, за кого се вели дека „секогаш го сакала оригиналот“.

Пејачката објасни дека ветила дека ќе позира за Плејбој кога ќе наполни 75 години, но со оглед на тоа што списанието сега не се печати, таа ги зеде работите во свои раце и создаде своја насловна страница, која му ја подари на сопругот во рамка заедно со оригиналот.

 

Со својот подарок, Партон го изненади сопругот влегувајќи во просторијата облечена во нејзиниот костум на зајачица и пеејќи му.

Пејачката на шега праша дали Плејбој треба да и плати за снимањето, но таа ќе мора да се потпре на радоста на нејзиниот сопруг како нејзина награда бидејќи списанието основано од Хју Хефнер го објави своето последно издание во март 2020 година.