Домаќинка води академија во која ги учи жените да се однесуваат со сопрузите како во 1959 година

Британска домаќинка се откажа од својата работа и формираше академија која ги учи жените на добри манири, етика, домашни обврски и како да ги „разгалат своите сопрузи како што се правело тоа во 1959 година“.

Алена Кејт Петит работела маркетинг, но решила да се повлече кога се омажила и го донела својот син на светот.

Мајката се смести во Котсволдс и сега е горда ‘#TradWife’; „Домаќинка“ од нејзината генерација која е среќна што се покорува, ја чува куќата и го разгалува својот сопруг. Додека жените се борат со прашањата за сексизам и еднаквост за да ги гледаат како повеќе од мајки и сопруги, Петит вели дека таа е родена да биде токму тоа.

„Културата [во 1990-тите] беше нешто во што не уживав и дефинитивно ме натера да се чувствувам како аутсајдер. Се беше, да се бориме со момчињата и да излеземе, да бидеме независни и да скршиме стаклени тавани. Но, јас само се чувствував како да сум роден за да бидам мајка и жена. Она со што навистина се поврзав беа старите серии од 1950-тите и 60-тите години.“, вели таа.

Бидејќи на работа се чувствувала „незадоволна“ сега ужива да го пречекува сопругот со домашен ручек, а храната ја купува од „месечниот џепарлак“ кој ѝ го дава сопругот. Мајката откри голем број други „традиционални“ жени кои уживаа да живеат ист начин на живот како неа и оттогаш формираше веб-страница со наслов Академијата Дарлинг, која ги охрабрува жените да ги стават своите сопрузи на прво место.

Академијата, исто така, споделува рецепти и совети за етика, со поддршка за враќање на „традиционалните англиски манири, начин на живот и вредности“. Петит дава понатамошни совети во нејзините две книги, Дами како нас и Англиска етика.

Таа вели дека ова не се противи на феминизмот, затоа што жената треба да има право на избор, таа не сака да оди да работи и да се натпреварува во машкиот свет, туку сака да остане дома, да готви и да се грижи за мажот и децата.