Домашните миленици се семејство: Млад човек поминал речиси 4000 километри само за да го „посвои“ кучето на неговиот починат татко

Домашните миленици се доживотни придружници кои брзо можат да станат дел од нашето семејство, вклучително и поширокото семејство. Членовите на семејството градат свои уникатни врски со миленичињата кои живеат во домовите на другите членови на семејството, особено ако тие често ги посетуваат или се склони кон подолги посети. Иако можеби е тешко да се препознае дали на животното му недостигаат газдите кога ги нема, кај кучињата тоа најлесно може да се види по нивните размдрани опашки.

Така, кога сопственикот на домашното милениче умира пред него, може да биде екстремно тешко за кучето. Оваа врска човек-милениче беше причина еден човек да патува од Сиетл, Вашингтон сè до Гулфпорт, Мисисипи. Тој патувал за да го земе својот четириножен член на семејството што бил оставен, поради смртта не неговиот сопственик.

 

 

Во објавата споделена од „Humane Society of South Mississippi“, тие објаснуваат како кучето по име Алекс им било донесено откако неговиот сопственик починал.

За „човечкиот брат“ на Алекс, далечината не значела ништо. Тоа немало да го спречи човекот повторно да се соедини со неговиот крзнен другар за да може да ги живее останатите години со семејството.

 

 

„Вчера, Алекс и синот на неговиот сопственик беа повторно заедно. Среќата на Алекс беше огромна, потсетувајќи не сите нас на неверојатната врска помеѓу домашните миленичиња и нивните семејства”, пишува „Humane Society“.

Сега Алекс го поминува остатокот од неговиот живот со синот на неговиот сопственик и е среќен што и покрај трагичниот настан, тој останал дел од семејството.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *