Доминос измисли пица што ќе ги изнервира и Италијанците и Англичаните

Англија можеби загуби од Италија на Европсокот првенство, но Доминос создаде пица за повторно да ги здружи нациите.

Марк Еванс сподели слика од бизарниот изум на Доминос Јапонија, кој ги „навредува и Англија и Италија“.

Тоа е „Crispy Fish & Chips“ пица, на која се додава риба, парчиња лимон, парчиња компир, босилек, тартар сос и сос од домати. Една голема пица ќе ве чини 4.200 јен, што е еднакво на околу 30 евра.

Објавата собра илијадници прегледи па затоа од Доминос побрзаа да дадат свој коментар.

„Жал ни е што нашата пица од риба и чипс предизвика толку многу проблеми. Мислиме дека е доста вкусна. Ако сте во Јапонија и сакате да се предизвикате, известете не. Можеби ќе можеме смислиме план што можеме да ви го понудиме бесплатно “, напиша компанијата.

Најголемата точка на расправија кај повеќето луѓе не е рибата, парчињата компир или  тартар сосот, повеќето се „загрижени“ за лимонот, влејќи дека „тоа звучи многу грозно“.