Доналд Трамп и неговата организација ќе направат телефон наречен Trump Mobile што ќе биде целосно произведен во Америка – вистина или уште една лага?
На почетокот од месецов, Трамп Организацијата најави уште еден чекор кон реализација на слоганот „Make America Great Again“ – овојпат преку мобилен телефон. Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп го промовираа „Trump Mobile“, нова мобилна мрежа, заедно со сјаен златен уред наречен Trump T1, кој наводно овозможува патриотско сурфање и разговори за $499.
Каде всушност ќе се произведува?
Иако изгледаше како поволен одговор на скапите брендови како iPhone, уредот веднаш привлече сомнежи поради ветувањето дека целосно ќе биде произведен во САД. Експертите, меѓу кои и проф. Тинглонг Дај, укажаа дека тоа е технолошки речиси невозможно без увоз на компоненти. Наскоро по лансирањето, зборовите „Made in the USA“ тивко беа заменети со фрази како „American-proud design“ и „brought to life in the USA“.
Иако Ерик Трамп подоцна изјави дека „на крајот сите телефони ќе се произведуваат во САД“, критиките не престануваат. Трамп Организацијата и натаму тврди дека телефоните се создаваат во Америка, иако веб-страницата им претрпе измени, а спецификациите се променети повеќепати.
Вистина или маркетинг илузија?
Продажбата на мрежата започна преку таканаречениот „47 план“ ($47.45 месечно), додека самите уреди се најавени за август – сè уште без функционирачки прототип и со единствена слика од златен AI рендер.
Дали ќе се оствари ветеното или ќе остане само уште една маркетиншка алузија? Останува да се види.
Коментирај анонимно