Досега необјавено видео од „ловецот на крокодили“ предизвика носталгија кај фановите на Стив Ирвин

Обожаваталите на Стив Ирвин се потсетуваат на легендарниот „ловец на крокодили“, откако на интернет се појави досега необјавено видео на кое Стив сурфа и потоа фаќа змија со голи раце, типично за него нели?

Секако, онаму каде што е Стив Ирвин, има и змии. Во неодамна споделеното видео, австралискиот експерт за диви животни и ТВ водител го остави интернетот воодушевен поради неговата одлука да сурфа во неговата добро позната „униформа“.

Меѓутоа, по неговото пристигнување на брегот, Ирвин се соочува лице в лице со она што повеќето би го сметале за непријатно изненадување.

На видеото слушаме како Ирвин вели: „Види го ова, има отровна змија со која го делиме нашето место за сурфање!“ Потоа нурка под вода за да ја фати змијата и ја става на даската за сурфање, кажувајќи и на камерата: „Погледнете го ова“.

„Ова е она што го сакам кога сурфам во Индонезија. Седам овде, ги чекам брановите, а потоа доаѓа оваа прекрасна, голема „девојка“ како да вели „Здраво Стево! Погледни ме! ”, додава Ирвин.