Доста скап одмор: Две туристки во Хаваи следеле упатства на GPS и успеале да завршат директно во морето, па се обидуваат да се спасат додека нивното комбе тоне

Едриличарската екипа морала да тргне во акција за да спаси двајца туристи од нивното комбе што тоне, откако влегле директно во пристаништето Хонокохау, во Каилуа-Кона, Хаваи.

Кристи Хачинсон го сними драматичниот момент на видео на кое се гледа како екипажот доплива до нив и им помага да излезат неповредени. Двајца мажи врзуваат јаже на задниот дел од сребрениот Chrysler Town & Country и се обидуваат да го спасат комбето, но нивните напори на крајот се залудни бидејќи тоа брзо тоне.

Кристи може да се слушне како вели: „Сигурно дека тоа не требаше да се случи“ пред да објасни како туристите ги следеле упатствата на GPS и тргнале во погрешна насока.

Скролајте надолу за видео

 

Таа објасни дека екипажот на едрилицата „Нанеа“ неодамна се вратил од едрење и одеднаш виделе  како автомобилот влегува во пристаништето.

„Патниците беа туристи кои се обидуваа да најдат туристичка компанија „Манта Реј Сноркел“ во пристаништето и ги следеа нивните упатства за GPS и така направиле погрешно свртување и завршиле во вода“, рече таа.

„Само седев таму и се обидував да побарам засолниште од дождот, а потоа следното нешто, видов автомобил како вози покрај нашиот брод директно во пристаништето со прилично пристојна брзина“, рече таа.

 

На снимката, членовите на екипажот на едрилицата нуркаат во пристаништето и ѝ помагаат на жената-возач на комбето да избега низ прозорецот. Другата сопатничка, сестра на јакиот возач, избегала низ прозорецот од другата страна на автомобилот.

Иако патничките правеле активни обиди да избегаат од автомобилот, ниту една од нив не изгледала особено вознемирена за тоа што се случува.

 

Многу се прашуваа како успеале да завршат таму, колку и да ти покажува GPS сепак гледаш кај возиш. Но тоа останува мистерија..

Еден корисник со потсмев напиша: „Значи, кога ќе видите вода, сè уште возите во неа?“

Друг се запраша: Многу е лесно, само гледате низ шофершајбната каде возите. Што пропуштам?“

„Еден скап одмор“, напиша трет.

  • Detrot напиша:

    JAS NEGLEDAM KOMBE

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *