Доставувач е прогласен за херој затоа што влетал во запалена куќа откако слушнал бебешки плач

Возач за испорака на „Асда“ беше прогласен за херој откако влетал во запалена куќа за да спаси новороденче.

26-годишниот Хабел Хан се движел на вообичаената рута за доставување кога забележал чад кој доаѓал од куќата кон која се приближувал. Тој веднаш излегол од возилото за да види дали може да помогне.

Кога се симнал пред куќата имало жена со две малолетни децата, а од куќата се слушал плач на бебе. Мајката врескала дека внатре е нејзиното бебе. Хабел без размислување влегол во запалената куќа и го спасил 7-неделното бебе. Тоа било сместено веднаш до кујната, просторијата каде што избил пожарот.

26-годишниот тогаш останал со семејството сè додека не пристигнале пожарникарите и болничарите, пред да се врати во комбето и да продолжи со останатите испораки. Оттогаш Асда го прогласи Хабел за Колега на годината на наградите Биг Асда 2019, за неговото брзо размислување и храбрите активности.

Сепак Хабел е скромен и вели дека ги следел „природните инстикти“ и дека секој би го направил тоа да бил на негово место.