Доставувач на Амазон ја има „најискрената реакција“ на оставената ужина пред вратата

Сопственикот на домот Кети Оума, од Мидлтаун, Делавер, сподели видео од сцената направена од нејзината надзорна камера, која го фати моментот кога човекот за достава од Амазон го забележал садот полн со пијалоци и грицки што ги оставила надвор за него.

Кети ги оставила грицките за сите доставувачи бидејќи како што вели таа сега за време на празниците тие имаат најмногу работа и трчаат на сите страни како Дедо Мраз.

На ливчето оставено пред вратата пишува:

„UPS-от, USPS [Поштенски услуги на САД], Амазон, ФЕДЕКС

Ве молиме, земете некои добрата за да уживате на вашата рута. Ви благодариме што го олеснувавте празничното купување.

Семејството Оума.“

Додека откако доставувачот ги забележа грицките извикува: „О, ова е убаво! О, добивме некои грицки! Вау. О, ова е јако, ох вау. Бегај оттука! Ова е слатко. Па, ова е толку убаво.“