Доставувач на храна се стави во улога на „Купидон“ за пар разделен за време на карантинот
Добро зготвена топла храна може да биде токму она што ни е потребно во ваквите денови, особено кога оди со неколку ладни пива и добар филм. Многу луѓе сега порачуваат храна и доставувачите имаат многу повеќе работа од претходно.
Сепак овој доставувач на Deliveroo реши да „скршне од патот“ и да ја промени својата рутина за да им помогне на двајца млади на кои им е прилично тешко додека се разделени за време на карантинот во Сингапур.
27-годишниот Мухамед Назиндих, од Сингапур, работел за Deliveroo само една недела кога добил необично барање. Тој требал да достави романтична вечера. Нарачката, од ресторанот наречен Бомбај Кари клуб, била за маж по име Иван од неговата девојка Џејси и вклучувала романтична молба.
Во барањето, кое стои и на сметката се вели: „Ве молиме спакувајте прибор за јадење за Иван и кажете му дека го сакам хехе.“ Бидејќи е професионалец Мухамед ја исполнил желбата на девојката, затоа што како што вели тој „услугата за клиенти е многу, многу важна“.
Секако Иван малку се збунил кога Мухамед му кажал дека „го сака“, но кога ја видел сметката му станало јасно. Доставувачот вели дека ова е сладок гест од неговата девојка и дека секое момче би било среќно доколку истото му се случи и нему.