Доставувачка на пратки е прогласена за херој, откако забележала нешто чудно во поштенско сандаче на една 80 годишна жена – внатре во домот „имало што да се види“

Кајла Бериџ ја доставувала својата пратка за денот во Њумаркет, мал град во Њу Хемпшир, кога забележала нешто необично. Поштата што таа ја доставувала продолжила да се трупа во текот на неколку дена во домот на една жена. Таа била постара жена на околу 80 години и повремено разговарала со Бериџ. Бериџ изјави за „Си-Ен-Ен“ дека откако го забележала купот со пошта, „малку се загрижила“.

 

 

 

„Јас имав лошо чувство и сакав да се уверам“, изјави Бериџ. Чудното било што автомобилот на жената сè уште бил надовор на патеката пред куќата.

Бериџ ги следела нејзините инстинкти и ја повикала локалната полиција, а притоа и го спасила животот на постарата жена. „Си-Ен-Ен“ објави дека полицајците ја нашле жената заробена на подот во нејзината спална соба под тешки уметнички дела и рамки. Теоријата е дека таа се обидела да го користи својот кревет за да се качи, а во тој процес овие предмети паднале врз неа, држејќу ја таму три дена. Иако таа страдала од хипотермија и дехидрација, полицискиот поручник Вејн Стивенс потврди дека откако ја нашле била стабилна.

 

 

 

„Можам само да замислам во каква агонија и страв била оваа кутра жена, лежејќи на студ и не знаејќи дали ќе дојде помош. За среќа, помошта беше на пат, а оваа приказна доби среќен крај“.

„Во овој случај, блискоста што доаѓа од живеењето во мал град навистина се исплатеше“, изјави Бериџ за „Си-Ен-Ен“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *