Достигнување на нови височини. Том Круз би можел да биде првиот актер кој ќе снима во Вселената?

Том Круз би можел да оди таму каде што ниту еден актер досега не отишол:  во вселената.

60-годишникот би можел да изведе вселенска прошетка за претстојниот филм.

Претседателката на „Universal“, Дона Ленгли, навести за идниот блокбастер, велејќи за „Би-Би-Си“ : „Имаме одличен проект во развој со Том за кој размислуваме да земеме ракета до некоја вселенската станица“
Ленгли објасни: „Тој ќе глуми несреќен тип кој ќе се најде во позиција да биде единствената личност која може да ја спаси Земјата“.

Идејата за филмот првпат се појавила во 2020 година, кога во проектот учествувале „SpaceX“ на Илон Маск и „НАСА“.

Даг Лиман (57), кој работел со Том на „The Edge of Tomorrow“ треба да го режира претстојниот блокбастер.
Ако сѐ оди како што е планирано и режисерот ќе мора да да се прошета до вселената.

Во интервјуто за „Deadline“ во јануари 2020 година, режисерот на „Locked Down“ рече: „Мислам дека причината што Том е толку суперѕвезда е што колку и да зборуваме за снимање филм што не е на Земјата, Том сепак е толку приземјен со двете нозе цврсто на земјата“.

„Без разлика каков е филмот, тој е таков, јас ќе одам да снимам филм. Тоа ентузијазам! Направил бог знае колку филмови и не го изгубил тој ентузијазам“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *