Дождот и калта до колена не ги запре овие битолски моторџии да доминираат на стазата

Поројниот дожд предизвика многу кал на стазата Буковиќ во Пожаревац, Србија, но тоа не ги спречи битолските мотокросисти да покажат што знаат и во две класи да ги освојат првите две места.

Антонио Дамјановски освои прво место во класата МХ-85, а Христијан Илиовски е прв во МХ-1, додека пак Огнен Тодоров го освои 5-то место во МХ-85.

Тимот вели дека дождовите кои паѓале два дена направиле кал до колена, а конкуренцијата била голема, сепак битолчаните успеале да доминираат на стазата и покрај отежнатите услови.

Фотографиите совршено го доловуваат нивниот труд и посветеност.