„Доживеав алергиска реакција и мојата глава се претвори во БАЛОН. Имав огромни красти по целиот скалп и девојка ми не можеше да ме погледне во лице“

Еден човек зборуваше за ужасната алергиска реакција што го снашла и го направила да изгледа како „Мегамајнд“. Неговата девојка не можела да го погледне, а да не се насмее.

 

 

 

Откако забележа неколку сиви влакна на неговата коса, Рајан Бригс од Блекбурн отишол во куќата на неговата мајка за да го исфарба со боја за коса. Веднаш потоа, Рајан почувствувал силно чувство на печење на скалпот, но 27-годишникот мислел дека тоа е нормално.

Меѓутоа, откако се разбудил следното утро и тргнал на работа, забележал лушпест осип околу косата и во текот на денот, неговото чело постојано се зголемувало, оставајќи го со „глава како балон“.

 

 

 

„Беше навистина тешко чешање. Воопшто не личев на себе. Беше ужасно. Беше масивно. Изгледав како Мегамајнд, беше лошо“, изјави тој.

Тој потоа бил испратен дома од работа и отишол во болница, а тие му рекле да се врати следниот ден ако ситуацијата се влоши.

Тој додаде: „Отидов дома и мојата девојка не можеше да ме погледне бидејќи не личев на себе, имав голема глава како балон“.

 

 

Кога се разбудил следниот ден, Рајан рекол дека може да гледа само со едното око. Кутрото момче потоа било однесено со брза помош во најблиската болница каде што му рекле дека доживеал реакција на парафенилендиамин (ППД), хемикалија која обично се наоѓа во фарбите за коса.

Потоа на Рајан му дале 25 таблети за да го намали отокот.

„Бев во болница околу 13 часа, излегов оттаму околу 3 часот наутро. Не ме испратија дома со ништо бидејќи немаа на залиха. Морав да се јавам на лекар следниот ден. Мојата девојка мораше да оди да ми ги земе таблетите од аптека бидејќи сè уште не можев да гледам“.

 

 

Иако сега се чувствува подобро, тој вели дека останал со красти по скалпот и сега ги предупредува другите да не ја прават истата грешка што тој ја направил.

„Мојот скалп е полн со жолти и зелени красти, но моето лице сега стана нормално“, рече тој.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *