Дознајте како маж од Индија со помош на опасна змија ја исценирал својата смрт како дел од лукава измама за осигурување 

Прабакар Бхимаџи Вагчауре, од областа Ахмеднагар во Махараштра, Индија, ја лажирал сопствената смрт во обид да побара животно осигурување во вредност од 5 милиони долари од американска осигурителна фирма.

За да го оствари својот план, 54-годишникот, кој се вратил во Индија во јануари по 20 години живеење во САД, користел кобра како „смртоносно оружје“ за да убие сиромашно лице. Еден човек по име Правен, кој тврдел дека е внук на Вагчауре, го идентификувал починатиот како Вагчауре.

Во прелиминарниот лекарски извештај било утврдено дека причината за смртта е каснување од змија, а телото било предадено на Правен за извршување на погребните обреди. Сепак, вистината почнала да излегува на површина откако претставници на осигурителната компанија кои го истражувале тврдењето побарале повеќе информации за смртта на Вагчауре.

Откако полицајците го посетиле домот на Вагчауре, сосед изјавил дека не слушнале за никаков инцидент со змија, но забележале брза помош како пристигнува во куќата во моментот кога наводно се случил инцидентот.

Откако не можела да пронајде ниту еден од роднините на Вагчауре, полицијата ги разгледа неговите телефонски повици. Откриле дека тој е жив и дека е во болницата под имато на неговиот „внук“ Правен.

Полицијата ја даде следнава изјава:

„Истражителот од осигурителната компанија почнал да копа подлабоко за смртта на Вагчауре бидејќи тој и порано со измама се обидел да земе животно осигурување за неговата сопруга во 2017 година. Неговата сопруга е се` уште жива… Вагчауре и другите заговорници смислиле детален план. Истрагата откри дека набавиле кобра од спасувач на змии. Тие нашле сиромашно лице, со сличен изглед како оној на Вагчауре, и го убиле со каснување од кобра. Самиот Вагчауре се претставил како неговиот внук Правен и ја пријавил смртта настаната од каснување од змија“.

Оттогаш, Вагчауре и неговите четворица соучесници се уапсени, а полицајците исто така размислуваат да преземат акција против лицето кое им ја дало змијата.