Др. Дре плаќа 300.000 долари месечно на поранешната сопруга, а ќерка му е бездомничка
Др. Дре е познат рапер, продуцент, а понекогаш и актер. 55-годишната хип хоп легенда „тежи“ околу 800 милиони долари и вкупно има 8 деца, но очигледно некои му се поголем приоритет од другите. Тој неодамна се разведе од сопругата со која беше во брак 24 години, Никол Јанг и судот нареди да ѝ плаќа 300.000 месечно.

Сепак тој од претходната девојка има три ќерки со кои и не е баш во добри односи, а во последните години и целосно ги избришал од животот. Според нив Др. Дре не сакал да им плати ниту да одат на факултет и доколку сакаат да комуницираат со него мора тоа да го прават преку неговиот адвокат.

Латања, неговата најстара 38-годишна ќерка работи како доставувач на храна и е вработена во складиште. Таа за „Дејли Мејл“ вели дека не може да си дозволи да плаќа кирија, па спие во изнајмено возило. Таа е и самохрана мајка на четири деца – Татјана (16), Ријана (13), Д’Андреа (8) и Џејсон (3), за кои нашла сместување.

Латања и останатите две ќерки на Др. Дре
„Моите деца живеат со пријатели, не живеат во автомобил. Само јас.“, вели таа. Др. Дре и нејзината мајка Лиза Џонсон се разделиле кога Латања имала само 5 години и таа нема контакт со нејзиниот татко скоро две децении. Последен пат ѝ испратил пари за кирија пред две години и оттогаш не може да ги контактира ниту неговите адвокати кои велат дека Латања нема да добие пари затоа што зборела за нејзиниот татко во медиумите.

Латања вели дека ѝ е јасно зошто таа, нејзините сестри и мајка им го заслужиле тој однос додека, сека поранешната сопруга и децата кои што ги има со неа живеат во луксуз, додека на нив не сакал да им го плати ниту образованието.

Латања вели дека многу луѓе ја прашуваат зошто работи толку напорно а е ќерка на милионер, а таа вели дека нема одговор за нивното прашање. Неодамна Латања имала непријатна ситуација кога нејзиниот татко завршил во болница и таа се обидувала да дознае дали е добро, но никој не ѝ дозволил да стапи во контакт.
