Драматичениот момент случаен минувач херојски спасува 3-годишно девојче кое виси на 8-ми спрат

Во главниот град на Казахстан, Нур-Султан се одвивала вистинска драма со среќен епилог.

Имено, 37-годишниот Сабит Шонтакбаев е херојот кој како случаен минувач, одејќи на работа заедно со својот пријател утринава забележал група на луѓе кои исплашено гледаат кон една зграда. Тогаш забележал дека од 8-иот кат на зградата висело девојче со голем ризик да падне. Овој храбар маж веднаш се стрчал внатре и се качил на 7-иот кат, за да влезе во станот, како би го спасил девојчето. Девојчето веќе 15 минути висело. Сабит стоејќи на прозорецот од надворешна страна внимателно ја повлекол за зглобовите и безбедно ја фатил. Веднаш ја предал на пријателот внатре во станот.

Овој храбар маж инаку татко на четири деца ни за минута не помислил дека го ризикува сопствениот живот, туку веднаш пристапил кон спасување на девојчето. Тој дури изјавил дека во тој момент на ништо не мислел освен на девојчето. Дури и воопшто не се чувствувал стабилен, па затоа неговиот пријател морал да му ги држи нозете.

Овој човек дури не ги ни почекал родителите на девојчето кое било само дома,за да му се заблагодарат туку се упатил кон работното место како не би доцнел.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари дека е навистина херој, но Сабит воопшто не се чувствувал како херој.

Поради неговата исклучителна храброст и скромност, градоначалникот Алтаи Кулгинов го поздравил со највисока почест, додека пак заменикот-министер за вонредни состојби, Ибрахим Кулшимбаев го одликувал со медал за храброст.

Исто така му е понудено ново работно место како спасувач, а воедно му е доделен и трособен стан со телевизија во главниот град Нур-Султан. Сега може да си ги донесе сопругата и неговите четири деца кои до сега живееле во Кузулорда. Децата можат да посетуваат летен камп без никаков надомест.