Драстичните разлики во македонските пензии со оние во Велика Британија: Британците земаат пензија месечно колку што Македонците земаат годишно

Активисти во Велика Британија бараат пензијата да се зголеми на износ еднаков на 48 работни часа неделно со минимална плата, што би изнесувало 635 евра неделно. Ова би било зголемување од 380 евра во однос на сегашниот износ од 255 евра. Доколку се спроведе, тоа би значело дека постарите лица ќе добиваат пензија од 2.750 евра месечно, односно вкупно 35.000 евра годишно што е скоро трипати повеќе од сегашните 11.502,40 евра.

Со сегашната стапка, пензионерите добиваат 1.110 евра на секои четири недели или 14.000 евра годишно. За оние кои се на основната државна пензија пред 2016 година, ситуацијата е уште полоша. Нивниот неделен максимум е само 205 евра, што значи 820 евра на четири недели и 10.400 евра годишно.

 

Во Македонија, минималната пензија моментално изнесува 13.192 денари (околу 215 евра), додека највисоката пензија достигнува над 57.000 денари (околу 927 евра). Во март 2025 година, минималната пензија ќе се зголеми на 18.192 денари (околу 296 евра).

 

Пензиите во нашата земја се поделени во пет категории. Имаме семејна пензија чиј просек изнесува 16.707 денари, потоа инвалидска пензија со просечна пензија од 18.818 денари. Старосната пензија достигнува просек од 22.826 денари, додека земјоделската просечно изнесува 10.991 денари. Воената пензија има највисок просек од 29.943 денари. Податоците на Министерството за труд и социјална политика откриваат дека во Македонија има 2,861 лице кои примаат пензија поголема од 57.487 денари, и најголем дел од нив или 2,758 својата пензија ја стекнале со влегување во законски утврдените рокови за пензионирање при што добиваат старосна пензија.

 

 

Како би изгледале предложените британски пензии споредбено со македонските?

Минимална британска пензија, предложена е 2.540 евра месечно, тоа за една година изнесува 28.554 евра. Додека пак македонската е со зголемувањето во март би била 300 евра месечно, а годишно би било 2.580 евра, колку што Британците зимаат месечно.

 

Што значи ова?

Доколку предлогот во Велика Британија биде прифатен, британските пензионери би добивале речиси десет пати повеќе од минималната пензија во Македонија. Дури и македонските приматели на највисоката пензија би имале годишен приход што е помал за речиси 17.500 евра од предложената британска пензија.

Дополнително, во Велика Британија се бара пензиите да почнуваат од 60 години, додека во Македонија минималната старосна граница за пензионирање е 64 години за мажи и 62 години за жени, а сега бидејќи имаме многу паметни луѓе во фотелјите се предложува граѓаните во Македонија да се пензионираат на 67 години.

Па додека во Македонија пензионерите се борат за зголемување на минималните пензии на 18.192 денари (296 евра) од 2025 година, предложеното британско зголемување покажува колку големи се разликите во животниот стандард и социјалните права меѓу двете земји.

  • N. напиша:

    Ne treba za penzii vazno za BEHTEL i ENKA da ima 20 miliona evra za 1 km ….
    Mozda se pozlateni patistava ….
    Abre Makedonce MME …

  • Васе напиша:

    Повеќе години сум во пензија и не ми се јасни луѓето кои критикуваат за висина на пензијата! Едноставно или ги знаат работите и намерно „го мрчат“ или не ги знаат! Имено, висината на пензијата зависи од тоа колку ти се одбивало додека си работел!!! Ако на пример си земал плата цел стаж од 20,000 ден, колку ќе земаш пензија? Па ако заминуваш во пензија со 40 год пензиски стаж и со 64 год старост за маж, ќе добиваш пензија 80% од платата, а тоа е 18,000 ден! Ако имаш помал просек и помалку год стаж, следи помала пензија!
    Која споредба со ОК!!! Како на времето, ако се сеќавате на пратеникот „Врапче“ 90-тите кој излезе на говорница во Парламентот и вели „вака веќе не може, во Јапонија е вака а кај нас вака (парафразирам)“!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *