Древна црна дупка тешка колку милијарда сонца е насочена токму кон нас

Црната дупка, позната како „Блазар“ се смета дека е стара околу 13 милијарди години, но таа неодамна е откриена заради масата на светлина што ја дава.

Блазарите припаѓаат на класата на предмети наречени активни галактички јадра, карактеризирани со супермасивни црни дупки во центарот на една галаксија, кои се хранат со гас, прашина и ѕвезди.

Нивното откривање може да биде многу тешко затоа што тие се гледаат под одредена линија на видик. Блазарот наречен PSO J0309+27 е откриен од тим предводен од Силвија Беладита, магистар на Универзитетот во Инсубрија во Италија. Беладита во моментот работи во италијанскиот Национален институт за астрофизика, додека го завршува својот докторат.

Беладита вели дека е „исклучително важно“ да се набудуваат Блазарите затоа што за секоја откриена се верува дека има 100 слични на неа но, заради нивната ориентација (не се насочени кон Земјата) не можат да се видат. Она што е карактеристично кај оваа маса е што е насочена кон Земјата, односно нејзината огромна количина на светлина.

Блазарите стануваат „активни“ заради јонизираниот гас околу нив, што им дава горива на неговите емисии да бидат „гледани на многу бранови должини“. Тие пуштаат моќни релативистички зраци што се толку светли што можат да се видат низ целиот универзум.

Имајте на ум дека црната дупка на Млечниот пат е четири милиони пати поголема од масата на Сонцето, додека овој блазар има маса како милијарда сонца.