„Дух“ ограби кафе-бар во тетовско Јанчиште но, „задгробниот живот“ кратко му траеше

Оној кој не верува во духови, верува во крадци, а токму таква трансформација можеше да види сопственикот на кафе-бар во Јанчиште на надзорните камери. Човек со бел чаршаф како „дух“ влегол во локалот додека не работел и успел да земе околу 70.000 денари. Но, „Каспер“ заборавил дека има надзорни камери и надвор па одлучил да се ослободи од чаршафот и слободно да си прошета. Сторителот е откриен и е прилично „жив“ 45-годишен маж од селото, кој претходниот ден седел во локалот до неговото затварање, очигледно за подобро да ја истражи ситуацијата.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.