Дукати го откри својот најнов мотор инспириран од Ламборгини

Што добивате кога ќе споите Ламборгини со Дукати? Ова е прашање на кое сега добивме одговор, благодарение на новата соработка помеѓу двете италијански автомобилски икони: Ducati Diavel 1260 Lamborghini. Овој сосема нов модел со ограничено издание Diavel 1260 е инспириран од хиперавтомобилот на Lambo Sian FKP 37, со што треба да се произведат само 630 единици, во знак на основањето на Lamborghini, 1963 година.

Diavel 1260 Lamborghini ги има истите мотори со моќност од 1.262 cc и V-twin мотор како стандардниот модел, давајќи му на моторот 159КС. Ламборгини придонесе за некои промени во дизајнот на новиот модел на Дукати, вклучително и комплет лесни тркала во стилот на бандажите на Сијан и структура која го имитира впечатливото аеродинамичко тело на Сијан.

Ох, и за последен дополнителен допир, дизајнерската куќа Ducati’s Centro Stile произведе и комплет специјални шлемови за мотори, координирани со шемата на бои на 1260 Lamborghini.

Застапништвата на Дукати ќе примаат нарачки од следниот месец и ќе може да го купи кој сака и кој има секако. Сè уште нема потврдена цена, но фер е да се очекува дека ќе биде поголема од почетната цена на стандардниот „Диавел“ од 18.762 евра.