Дури и инсектите знаат дека „два ума се подобри од еден“ ако сакаш побрзо да ја завршиш задачата

Во видеото снимено во Сао Паоло, Бразил,  може да се видат две пчели како работат заедно кон заедничката цел-да добијат малку шеќер.

Кој знае како пчелите успеаја да ја откријат „физиката“ позади шишето, но нивниот план функционира.

Ова е навистина импресивно, но според експертите, не треба да бидеме изненадени. Пчелите се добри решавачи на проблеми, и слично како луѓето се способни да научат како да извршуваат нови задачи со набљудување на други пчели.