Дури и најмалите вежби можат да направат голема разлика за вас – еве што 30 минути активно вежбање ќе направи за вашиот мозок

Нови истражувања покажуваат дека и кратки интервали на вежбање можат да го подобрат мозочниот капацитет, иако прашањето за тоа како и колку долго треба да вежбаме сè уште се анализира. Во ново истражување, тим од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, прегледал 113 претходни студии со вкупно 4,390 учесници и заклучил дека интензивните активности носат најголеми придобивки за когнитивните функции.

 

 

 

Најголеми ефекти врз когнитивната функција имале вежбите како велосипедизам и високоинтензивен интервален тренинг (HIIT), особено во подобрувањето на извршните функции, кои опфаќаат работна меморија, планирање и мултитаскинг.

„Нашата работа покажа силни докази за позитивен ефект на поединечни сесии на вежбање врз когницијата,“ изјавува невропсихологот Бери Гисбрехт од универзитетот.

Сепак, не сите когнитивни функции покажале значителен напредок. Иако учесниците имале побрзи реакции по вежбањето, точноста во когнитивните задачи не се зголемила. Најголемите когнитивни подобрувања биле забележани кај вежби кои траат помалку од 30 минути и кога тестовите биле спроведени по завршувањето на вежбањето, а не за време на него.

 

 

„Овие резултати се изненадувачки, со оглед дека интензитетот на вежбањето се смета дека има инверзна врска со перформансот,“ пишуваат истражувачите. Ова е позитивна вест за оние кои се мачат да одржат редовна рутина бидејќи и само 10 минути вежбање можат да донесат придобивки.

Освен флексибилноста на мозокот, вежбите се корисни и за кардиоваскуларното здравје. Претходни истражувања покажаа дека HIIT вежбите се корисни за подобрување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од идни здравствени проблеми.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *