Дури и познатиот атеист Џо Роган поверува во Господ: „Воскресението на Исус е поверојатно од Големата експлозија“
Познатиот подкастер Џо Роган, кој се опишува како атеист, предизвика реакции со изјавата дека воскресението на Исус Христос му изгледа поверојатно од Биг Бенг теоријата. Во неодамнешна епизода од „The Joe Rogan Experience“ со ТикТокерот Коди Такер, Роган го доведе во прашање научното објаснување за настанокот на универзумот, според кое сè започнало од една исклучително густа и мала точка што одеднаш експлодирала и создала сè.
„Се држам до Исус. Тоа има повеќе смисла. Луѓето се вратиле во живот,“ рече Роган, критикувајќи го фактот што луѓето полесно прифаќаат научни хипотези отколку верски настани.
Прашање за подлабока дебата и филозофија
Цитирајќи го покојниот автор и застапник за психоделици Терeнс МекКена, Роган истакна дека науката всушност бара вера во едно чудо – Големата експлозија. Тој додаде дека за него е потешко да поверува дека нешто може да настане од ништо, отколку дека нешто отсекогаш постоело.
Разговорот со Такер започнал со прашање што се случувало пред создавањето на универзумот, што довело до подлабока филозофска дебата. Роган зборувал за „околината пред Големата експлозија“, која била крајно студена и празна, и за енергијата што ја предизвикала експанзијата на универзумот.
Двајцата се осврнаа и на теории според кои универзумот е бесконечен и постојано се шири, како и на идејата од 2023 година дека универзумот има форма на крофна – без рабови, па ако патуваме по права линија, на крај ќе се вратиме на почетокот.
Кој и што создал?
Тоа го отвори прашањето за Бога. „Кој го создаде сето тоа? Дали има Бог? Дали Бог го направи ова?“, праша Такер, на што Роган одговори: „Дали Бог е самиот универзум?“ Исто така, Роган размислуваше дали луѓето не го проектираат својот биолошки циклус – раѓање и смрт – врз универзумот, претпоставувајќи дека и тој мора да има почеток и крај.
Роган изјави дека луѓето лесно ја отфрлаат идејата за воскресение, но без сомнеж прифаќаат дека цел универзум бил помал од врвот на игла и одеднаш станал сè што постои. Тој разговарал за христијанските верувања и со религискиот научник Весли Хаф, кој му подари реплика од еден од најстарите познати фрагменти од Библијата – Папирус 52, со дел од
Евангелието според Јован. Роган беше видно импресиониран и го нарече подарокот „фасцинантен“. Во друга епизода, кога Кид Рок беше гостин, Роган го праша каде би патувал низ времето, на што музичарот без двоумење одговори: „Кај Исус.“ На прашањето дали верува дека Исус навистина би бил таму, Кид Рок одговори: „Апсолутно. 1000 проценти. Тоа е мојата вера.“
Роган тивко одговори: „Тоа е добар одговор“, додавајќи дека е многу заинтересиран за идејата дека Исус навистина постоел, и заклучи: „Сакам Исус да е вистински. Како што сакам и Бигфут да е вистински.“
Коментирај анонимно