Душата на Македонецот во Рајот (виц)

Си седат душите на чесните луѓе во Рајот, си пијат нектар и амброзија, си свират на харфа, си кажуваат вицови – идила.
Наеднаш од некаде втрчува една душа на Македонец, почнува да граба од храната, да лока од пијалоците, да јаде како јадење да не видел.
– Што правиш? – се зачудуваат сите – Забави малку, имаме цела вечност пред нас!
– А бе некои имате цела вечност, ама други ќе ги реанимираат за пет минути…