Двајца лекари, Кинези, се разбудија црни, откако се заразија со коронавирусот во Вухан

Двајца кинески лекари кои биле сериозно заболени со COVID-19 биле прилично изненадени кога се разбудиле по битката, а нивната кожа станала видно потемна.

Д-р Ји Фан и д-р Ху Вајфенг, двајцата 42-годишни се вратиле од работ на смртта откако се заразиле со коронавирусот додека лекувале пациенти во Централната болница Вухан во јануари.

Нивната абнормална боја на кожата е предизвикана од хормонални нерамнотежи откако нивниот црн дроб бил оштетен од вирусот, изјави нивниот лекар за кинеските државни медиуми. Д-р Ји и Д-р Ху се колеги со починатиот свиркач Ли Венлианг, кој беше казнет затоа што предупреди за вирусот а потоа почина од болеста на 7 февруари. Двете медицински лица биле дијагностицирани на 18 јануари.

Тие биле однесени прво во белодробната болница Вухан, а потоа биле пренесени во подружницата болницата во Тонџи. Д-р Ји, кардиолог, го победил COVID-19, откако лекарите го прикачиле на машина за поддршка на живот, наречена ECMO, цели 39 дена. ECMO е драстична постапка за поддршка на живот што ја заменува функцијата на срцето и белите дробови со пумпање кислород во крвта надвор од телото.

Состојбата на д-р Ху била уште посериозна. Урологот бил врзан за креветот 99 дена и неговото целокупно здравје е слабо.