Два авиони направија „сообраќајка“ на аеродромот во Лондон
Службите за итна помош синоќа се упатија на пистата на аеродромот Хитроу, откако два авиони се урнаа еден во друг.
Шокантниот инцидент се случи во 20 часот на лондонскиот аеродром Хитроу во кој годишно доаѓаат повеќе од 80 милиони меѓународни патници. Се верува дека судирот се случил кога корејски 777 го пресекол Исландер 767 додека „таксирал“ (возел по земјата). А шокантна снимка ја покажува штетата направена на опашката на Icelandair од крилото на Korean Air.
Летот на Korean Air #KE908 требало да тргне од Лондон во 19:35 за Сеул, Кореја. Но, откако службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, било потврдено дека летот е откажан.
Еден патник напиша на Твитер: „Сигурно дека удривме друг авион со врвот на крилата додека таксиравме. Ни беше кажано дека се враќаме на портата поради технички проблем“.
Додека патникот Ренди ДВ рече: „Летот официјално е откажан, но мило ми е што сите се безбедни, подобро што ова се случи на асфалтот, а не во лет“.
Коментирај анонимно