Два брода во еден: Мегајахта која само мал број луѓе во светот можат да си ја дозволат

Avanguardia (Avangarda) е концепт на нова мегајахта од Lazzarini Design Studio која може да прими вкупно 60 луѓе.

Италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Лазарини е познат по своите уникатни пловила кои привлекуваат големо внимание, а при дизајнирањето на Авангардата бил инспириран од јапонската манга од 1970-тите, односно изгледот на лебедите.

Бродот е долг 137 метри со контролна кула во форма на глава на лебед. Но, оваа структура е всушност брод долг 16 метри кој може да се одвои од остатокот од мегајахтата и да продолжи да плови самостојно.

Авангардата има пет палуби високи 18 метри, два хелиодроми, базен и бројни спа области. Предвидено е и движење со максимална брзина од 18 јазли.

Секако, овој брод засега е само концепт, а неговата изградба би чинела околу 500 милиони американски долари. Затоа, не е чудно што само најбогатите луѓе во светот можат да си дозволат ваква мегајахта.