Два мудри совета од таткото за синот тинејџер (виц)

Се враќа синот-тинејџер рано на сабајле од забава, таткото го седнува и му вели:
– Синко, ти веќе не си мало дете, туку тинејџер. Време е да ти дадам два мудри совети за да успееш во животот. Прво: секогаш станувај рано! И второ: не си губи времето со забави! Еве, ја гледаш онаа птичка? Станала рано и си уловила убав црв. Ако се излежувала до доцна, ќе останела гладна. Земи пример од неа!
– Чекај малку, тато! Но, и црвот станал рано, нели? И за награда ќе биде изеден. Извини, ама нешто не ја сфаќам поуката!
– Не, синко, грешиш во заклучоците. Црвот не станал рано. Тој се враќал од ноќна забава!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *