Двa посни ролати од една смеса: совршено предјадење без печење кое освои многу македонски трпези
Оваа рецепта е вистинско откритие за сите кои сакаат вкусен, посен оброк кој се подготвува лесно, не се пече и служи како одлично предјадење или дел од славска трпеза. Нема потреба од рерна – се што ви треба за основната смеса е:
– 1,2 кг компири
– 400 грама крекери
– 250 грама посен мајонез
– сол
– 3 чешниња лук..
Ќе добиете дури два различни ролати од една основа!

Содржина:
Подготовка на смесата: варете компир со лук и додајте крекери и мајонез
Најпрво, излупете ги компирите и сварете ги заедно со чешнињата лук. Откако се сварени, водата не ја фрлајте – во неа веднаш може да го сварите спанаќот. Извадете го лукот (тој е само за мирис), а компирот згмечете го додека е топол и оставете да се олади. Измешајте го со мелените крекери и посниот мајонез, па рачно промешајте. Ќе добиете околу 1500 грама тесто, доволно за два или три ролати од по 500 грама.

Првиот ролат: куркума, спанаќ и мајонез за свеж вкус
Во дел од смесата додајте една мала лажичка куркума, 50 грама сварен спанаќ, 100 грама посен мајонез и сол по вкус. Куркумата додадете ја во тестото, расукувајте го помеѓу два листа хартија за печење. Откако ќе го отстраните горниот лист, премачкајте ја смесата со мешавина од сечкан спанаќ, мајонез и малку сол. Завиткајте во хартија и оставете до наредниот ден во фрижидер.
Вториот ролат: оригано во тестото, полнење со туна и кечап
Во друг дел од тестото измешајте една лажица оригано и добро замесете. Расукајте го пак како и претходно. Во посебен сад измешајте 180 грама туна со 3 лажици кечап. Оваа смеса премачкајте ја врз замесеното тесто и завиткајте во ролат. Пред сервирање оставете добро да се излади.

Коментирај анонимно