Двајца браќа, кои оддавале почит на местото каде што загинал нивниот брат, ги снашла иста трагична судбина
Двајца браќа во Северна Каролина, САД, доживеаја иста судбина како и нивниот среден брат, откако ги удри воз на истото место.
Пабло Тикирам Ус (29) и Хозе Чиламбалам Тикирам Ус (20) жалеле по смртта на нивниот брат Балтазар и го посетиле истото место каде што возот го удрил 27-годишникот на 26 јули.
Додека го посетувале местото каде што починал нивниот брат, Пабло и Хозе исто така беа удрени од воз и починаа од здобиените повреди. Инцидентот се случи само една недела по несреќата на Балтазар.

Наводно, Балтазар бил во возило за време на неговата смрт, додека неговите двајца браќа оделе пеш.
Полициската управа во Шарлот-Мекленбург добила повик во вторникот рано наутро, на 3 август, за две лица, кои биле удрени од возот LYNX Blue Line.
Следниот ден, полицијата потврди дека двете лица кои починале се Пабло и Хозе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
