Двајца другари во јавна куќа (виц)

Еден маж отишол во јавна куќа. Си одбрал девојка и си поминал фантастична ноќ. Наутро ја прашал сопственичката:
– Колку должам?
– Ништо не треба… Бевте чудесен!
– Што? Цела ноќ с*кс со супер девојка и да не платам ништо?
– Ништо. Дури ова е за вас! – и му подала 500 евра.
Човекот не знаел што да направи од среќа. Уште истиот ден им раскажал на сите другари. Еден од нив решил и тој да проба. Исто така си поминал фантастична ноќ и сабајлето прашал:
– Колку должам?
– Ништо, бевте чудесен! – и му дала 100 евра.
– Благодарам – рекол задоволно, но и зачудено, – но имам едно прашање: Зошто јас добив 100 евра, а другар ми вчера дури 500?
– Вчера сè одеше и на телевизија, а дене само на интернет!