Двајца идентични близнаци направија експеримент со веганска и исхрана со месо, 12 недели и ги споделија резултатите

Ајнштајн славно зборувал за „двоен парадокс“, каде едниот идентичен близнак се испраќа во вселената со голема ракета, а другиот останува на Земјата. Во експериментот, како резултат на просторната релативност, близнакот на Земјата би старел повеќе.

Тука е прашањето, какви идентични близнаци би користеле за ваков експеримент? Одговорот: Тарнер близнаците, Хуго и Рос, кои прават експедиции низ сите континенти, се искачуваат на планини и одат на секакви авантури.

12 недели, од јануари до март, Хуго (лево) јадел само веганска храна, додека Рос (десно) бил на разновидна исхрана со месо

Тие имаа помош од научници од колеџот на Кинг, кои ги следат нивото на тежина, холестерол и маснотии во телото, меѓу другото. Нивното мислење беше дека бидејќи тие се генетски идентични, споредуваните исхрани може да се сметаат за легитимни отколку во други случаи. Згора на тоа, тие имаат правено обука за издржливост пет до шест пати неделно затоа што треба да се подготват за своите идни експедиции.

Пример за исхраната базирана на месо за Рос

Пример за веганските јадења на Хуго и двете порции имаат ист број на калории

После 12 недели веганска исхрана, Хуго пријави повисоки и поконзистентни нивоа на енергија, веројатно затоа што неговото ниво на шеќер во крвта не се спуштало толку често како што порано. На веганска диета, менталниот фокус на Хуго исто така беше многу подобар заради истата причина. Сепак, имаше и неколку негативни несакани ефекти, исто така. Од причини што не му се познати, тој рече дека „го изгубил либидото“.

Рос кој оттсекогаш бил малку поголем од двајцата не заврши ништо поразличен во овој експеримент. Нивото на холестерол во крвта остана доследно во текот на 12-те недели. Разликата е што Рос качил неколку килограми, а Хуго намалил. Сепак нивното целокупно здравје било одлично.