Двајца мажи поминувале низ гробиштата среде ноќ (виц)

Двајца мажи се враќаат дома од забава на Ноќта на вештерките и решаваат да скратат преку гробиштата. Тоа е логично со оглед на тоа дека е Ноќта на вештерките, нели. Наеднаш, среде гробовите, слушаат звук што доаѓа од темнината: так так так, так так так…
Треперејќи од страв, пополека одат кон звукот и на крај целите пребледени наоѓаат старец кој работи на надгробна плоча со чекан и длето.
Откако првиот малку си доаѓа на себе, го прашува човекот:
– Абе дедо, нè преплаши до смрт… мислевме дека си дух! Што правиш овде среде ноќ?
– Овие идиоти! – промрморува старецот – Грешно ми го напишаа името…