Двајца пријатели посетија напуштена тврдина во Хемпшир и фатија на камера морничав момент

Тони Фергусон и неговиот колега Пол Цисел ја посетија напуштената тврдина во Госпорт, Хемпшир, заедно со нивното верно куче, Сем. Тие решиле да ја истражат тврдината откако слушнале гласини од локалните жители дека е опседната и дека вратите се затвараат сами. Двајцата мажи и Сем не биле разочарани од нивното патување до тврдината.

Тие ја оставиле камерата да снима долж ходникот пред да заминат за да истражат друга област. Одеднаш една од тешките врати се затвара. Локалните жители веруваат дека станува збор за духот на чуварот, кој сѐ уште си ги извршува своите должности.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.