Двајца џихадисти планирале терористички напад во Македонија (виц)

Двајца џихадисти пристигнуваат во нашата земја, решени да станат оружје на Алах и да се одмаздат.
Слетуваат на аеродромот и се разбира, багажот им го нема. Внатре им се сите материјали за да ги направат бомбите. Авиокомпанијата не презема одговорност за изгубениот багаж и почнува мотањето по аеродром и праќањето од шалтер на шалтер. Дури вечерта, после 6 часа, конечно еден службеник им вели да се вратат наредниот ден или така нешто.
Фаќаат такси до Скопје. Таксистот ги прашува дали се прв пат во Македонија и само таа информација сакал да ја слушне. Наместо кон Скопје, отишол на обиколница и ги свртел 3-4 крукчиња. Џихадистите си помислиле дека аеродромот е многу далеку од Скопје, си платиле дебело за возењето и конечно се смстиле во хотелот во раните утрински часови.
Преспиваат неколку саати и фаќаат такси пак назад до аеродром. Таксистот тргнува, но премиерот оди на работа, застој во сообраќајот половина час. Конечно почнуваат да се движат но Сејф Сити толку го закочил сообраќајот што им треба уште 1 час да излезат од центарот. Таман излегуваат на булеварот, блокада од синдикатот, бараат 600 евра плата. Чекаат уште цели 3 часа и конечно блокадата престанува. Пак Сејф Сити го закочил сообраќајот, пак уште 1 час тргни-застани. Конечно стигнуваат до автокоманда, кога таму ромите палат гуми на сред пат. Ајде уште 2 часа чекање и кога конечно стигнуваат на аеродром, ништо од службите веќе не работи. Нема ни кого да прашаат за багажот.
Ги наоѓа пак истиот таксист, сега им е другар нели, и пак ги качува да ги врти по обиколницата. Пак 4-5 круга околу Скопје и пак во хотелот капнати во раните утрински часови. Пред хотелот ги сретнале неколу пијани хулигани, ама многу побожни, ги претепале и ги ограбиле, не им останала скршена пара. Преноќиле на клупа во едно паркче, премрзнале и згора на тоа одвај спасиле жива глава од уличните кучиња, затоа што не ги познавале.
Наредното утро што да прават, поради обиколницата мислеле дека аеродромот е на стотици километри од Скопје, нема опција како да стигнат. Виделе не виделе, се упатиле пешки кон границата со Косово, со надеж дека по пат ќе најдат телефон за некој да ги пречека таму.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *