Двајцата монаси и рибата (виц)

Двајца тибетски монаси дале завет за молчење. После 10 години едниот не издржал и рекол:
– Ми се јаде риба.
Потоа молчеле уште 10 години и истиот пак рекол:
– Ама многу ми се јаде риба!
Поминале уште 8 и пол години и другиот не издржал и рекол:
– Значи главата ми ја пукна со таа твоја риба!