Двајцата полицајци и мајмунот во Скопје (виц)

Двајца полицајци си патролираат низ Скопје и кога наеднаш гледаат еден мајмун на улица. Запираат, го качуваат и му ѕвонат на началникот:
– Ало шефе, најдовме еден мајмун на Партизанска. Што да го правиме?
– Како што бе?! Одведете го во зоолошката градина.
– Добро шефе.
Следниот ден пак истиот полицаец му ѕвони на шефот:
– Шефе, мајмунот што да го правиме?
– А бе многу сте глупи! Поради вас ни измислуваат вицови! Нели ви реков да го одведете во зоолошката градина!
– Е добро, шефе, како што ќе кажеш.
Третиот ден пак полицаецот му ѕвони на шефот:
– А бе шефа, овој мајмунот што да го правиме?
– Вие малоумни ли сте!!! Водете го во зоолошката веднаш!
– Ама шефе, два дена го водиме во зоолошката, може ли денес на кино?