Двајцата турски ММА борци, станаа вистински херои во Австрија, кога луѓето дознаа што направиле за време на нападот во Виена

За време на нападот во Виена во понеделникот, во кој загинаа 4 лица, а 17 лица беа тешко повредени, овие двајца турски ММА борци се покажаа како вистински херои. Реџеп Таип Гултекин и Микаил Озен, двајцата муслимани, успеаја да спасат полицаец и две жени ризикувајќи ги своите животи и за ова официјално им се заблагодари австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер. Хероите изјавија:

„Полициските службеници кои беа повредени се мои полицајци. Луѓето кои беа повредени се мои луѓе. Искажувам сочувство на Австрија и се надевам дека повредените ќе се опорават наскоро. Му реков на Микаил дека ќе го сториме тоа. Стигнавме до полицаецот и го однесовме во брза помош. Ако утре се случеше истото, не би двоумел повторно да спасувам луѓе. Не сакам да гледам дискриминација меѓу муслимани, евреи или христијани. Теророт нема место во овие религии. Теророт е терор насекаде.“