Две другарки го овековечуваат нивното платонско пријателство на многу забеган начин

Според Стефани Коонц, која предава историја и семејни студии на Државниот колеџ Евергрин во Олимпија, Вашингтон, САД, идејата за љубов како основна причина за брак започнала да се шири кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век, делумно поради француските и американските револуции.

„Правото на лична среќа“ ги постави своите корени во западното општество и сега романтичните врски станаа идеал.

Но, не се сите партнерства такви. Неодамна, корисникот на TikTok, Џеј Гуерсио, објави видео, објаснувајќи ја нејзината врска која таа ја нарекува „платонски брак, правна заедница, заснована на духовна врска и практична љубов, наместо на с*ксуална или романтична љубов“.

@thelovelyjaybird#stitch with @izacabela @kayem332 platonic relationships are just as valid as romantic ones. #marriage #platoniccouple #bestfriends #raisingkids #fyp

♬ original sound – Jay Guercio

Гуерсио на видеото објаснува како таа е во брак со нејзината најдобра прјателка со која се знае веќе осум години. Нивниот брак е исклучително платонски, тие не се во љубовна врска, ниту пак во с*ксуална, и имаат „слобода“ да се гледаат со други луѓе.

Гуерсио продолжува да објаснува за необичната ситуација велејќи дека „таа и нејзината пријателки се многу блиски, работат заедно, донесуваат одлуки заедно и сакаат да бидат една покрај друга, и имаат надеж дека некој ден ќе имаат деца во исто време“.

„Бракот е врзување, јас го чувам нејзиниот грб, таа мојот, сакам луѓето да сфатат дека ние сме семејство, тоа е причината за брак, зар не?“

„Ние се однесуваме како што се однесуваат луѓето што се во брак, само што не сме романтично, ни физички заинтересирани една за друга“- додаде Гуерсио