Две групи на луѓе во светот не знаат за пандемијата на коронавирусот и тие веќе се во друг вид на изолација

Најверојатно кога ќе си го погледнете малото дете или миленичето си мислите: „Супер ти е тебе не знаеш што се случува надвор“, но освен овие групи кои не можат да го разберат вирусот постојат две групи на луѓе во светот кои воопшто не се свесни што се случува и во какви размери.

Оние што живеат во куќите на Големиот брат во Германија и Канада, немаат идеја за состојбата во надворешниот свет, бидејќи тие биле во изолација, пред Светската здравствена организација (СЗО) да прогласи епидемија.

Како такви, тие не се свесни колку луѓе во моментов го имаат вирусот и ќе останат сè додека не ја напуштат секоја од куќите. Дотогаш од продукцијата забраниле да добиваат било какви информации од надвор.

Во Германија, групата натпреварувачи влегла во куќата на 6 февруари, во време кога имало само неколку изолирани случаи на коронавирус во Баварија. Оттогаш, тие не добиле никакви ажурирани информации за COVID-19. Од недела, 15 март, во Германија имало 4.838 случаи и 12 лица починале како резултат на вирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох“ за заразни болести.

Натпреварувачите во моментов престојуваат во две куќи во Осендорф, Северна Рајна-Вестфалија, една од најтешко погодените делови во земјата во однос на СОВИД-19. Според Sat.1, шоуто има спроведено „посебни хигиенски мерки“ за заштита на натпреварувачите од заразување.

Во Канада, натпреварувачите влегоа во куќата еден месец подоцна на 4 март, повторно пред СЗО да го прогласи избувнувањето на СОВИД-19 за пандемија. Од недела, 15 март, имало 305 потврдени случаи на вирус низ целата земја и едно лице починало како резултат на вирусот. Иако бројот на случаи е значително помал од насекаде низ светот, масовните собири се откажани за да се спречи ширењето.

Минатата недела, Глобал и Инсајт Продукција, објавија изјава во која потврдуваат дека емисијата ќе се емитува без студиска публика, како мерка на претпазливост, во блиска иднина. Натпреварувачите дискутирале зошто не слушнале публика како ракоплеска или дава било каква реакција откако првиот натпреварувач бил исфрлен и сите се согласиле дека тоа е чудно.