Две мајки родиле погрешно бебе откако се случила катастрофална грешка за време на процесот на вештачко оплодување

Во септември 2019 година, Дафна Кардинале родила девојче, по успешно ин-витро оплодување во Калифорнискиот центар за репродуктивно здравје во САД.

Меѓутоа, кога го видел детето, нејзиниот сопруг Александар знаел дека нешто не е во ред и само неколку месеци подоцна, откако направиле ДНК тест, било докажано дека детето не е нивно.

Подоцна било откриено дека клиниката „направила замена на деца“, при што биолошкото дете на двојката било всадено во друга мајка.

Кога Александар првпат го видел бебето почуствувал дека нешто не е во ред.

Кога бебето наполнило два месеци, Дафна решила да нарача комплет за ДНК тест, откако Александар не можел да престане да го коментира изгледот на бебето бидејќи имало многу потемен тен и коса од нивното првородено дете.

Она што парот не го очекувал е да откријат дека бебето не е воопшто нивно.

Алекс Волф, адвокатот на семејството, рече:

„Клиниката за плодност и всадила на Дафна ембрион кој припаѓал на странци. Таа беше, со други зборови, еден вид несвесен сурогат за друга двојка“.

Загрижен за тоа каде е нивниот ембрион, Волф објасни дека дознале дека друга мајка го родила детето на Александар и Дафна.

Заменувајќи фотографии другото семејството, тие виделе дека, слично како нивното прво дете, другото бебе има светла кожа и руса коса.

Двата парови, наводно, се среќавале речиси секојдневно за секој да може да го види своето биолошко дете, но на крајот било решено бебињата да бидат со нивните биолошки семејства, објасни Волф.

Дафна се жали како таа и Александар „пропуштиле сè“ во „четирите месеци“ додека била жива нејзината биолошка ќерка.

„Целата фаза на новороденче ја пропуштивме со неа. Ја пропуштивме целата бременост“, рече таа.

Иако е среќна што повторно се соединува со својата биолошка ќерка, Дафна ја опиша болката од „губењето на бебе, но во исто време добивање ново“ и тагата што ја чувствува за другото семејство. „Тоа е навистина кошмар“, рече таа.

Она што најмногу ја вознемири Дафна е тоа што морала да ѝ ја објасни ситуацијата на нејзината првородена ќерка, Оливија, која имала пет години кога се родиле бебињата.

Бидејќи Оливија се поврзала со првото бебе, Александар рече дека кажувањето на вистината било „тешко“ и „голема траума“ за неа.

Двете семејства сега, наводно, се гледаат двапати месечно, во она што е „комплицирана семејна динамика“.

Во понеделник, 8 ноември, тужбата против клиниката за вештачко оплодување беше поднесена, тужејќи го и одговорниот лекар за небрежност.